Терористичките акти во петокот во Париз по тактика потсетуваат  на нападот на терористите во индискиот град Мумбаи во ноември 2008 година, изјави заменик шефот на полицијата во Њујорк Џон Милер. Тогаш загинаа речиси 200 луѓе.“За сега се уште е рано да се прават заклучоци, но судејќи по она што го знаеме сега, а тоа не дава комплетна слика, но  се гледа слична подготовка и тактика” – изјавил Милер во интервју за CNN.

париз пол

.Милер посочил  исто така, дека “од самиот момент на терористичките акти  во Париз , полицијата во Њујорк се наоѓа на готвс.  “.Тој наведува дека во  неколку најпопуларни регионот и објектот во Њујорк, се подигнати  засилени мерки за безбедност. Њујорк, Бостон и други градови во САД ги засилија мерките за безбедност по најсмртоносните терористички напади врз цивили во Париз, но претставниците на силите за безбедност изјавија дека тоа се превентивни активности, а не одговор на одредена закана, пренесува од своја страна Reuters.

Во Њујорк вработените од контратерористичното единица на полицијата и други посебни делови биле распоредени во областите посетувани од туристи, како и околу францускиот конзулат во Менхетен. “Во најпосетените области од градот се наоѓаат тимови како мерка на претпазливост, за да обезбедат полициско присуство и чувство на сигурност кај општеството, додека ние го следиме развојот на  ситуација во странство”, се вели во изјавата на њујоршката полиција.

Слични содржини