Стотина членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираат пред Основниот суд Скопје 1 по денешните одлуки на Специјалното јавно обвинителство за покренување на обвиненија и барања за притвор на високи партиски функционери.
По објавата на СЈО, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека партијата повеќе нема да биде конструктивна и дека овие обвиненија ги смета за директен напад на партијата и политичка пресметка.
Сообраќајот од крстосницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“ е блокиран.
Насобраните граѓани не кажуваат дали е ова значи притисок врз судот кој треба да одлучи дали ќе одреди мерка притвор за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протогер, Сашо Мијалков, Драган Павловиќ Латас, Елизабета Канческа – Милевска и уште неколку поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.