По овој рецепт лудуваат сите во Америка

од desk2

Ќе бидете изненадени кога ќе дознаете колку е лесно се подготвува најпопуларниот колач со крем во Америка! И ќе дознаете веднаш зошто по него лудуваат Американците по него.

Неопходни производи за кора:

– 2 чаши шеќер
– 4 јајца
– 2 ½ чаши брашно
– 1 чаша млеко
– ¾ чаша масло
– 2 ¼ лажичка прашок за пециво
– 1 лажичка ванилин есенција

Производи за кремот:

– 2 пудинг ванила, варен според инструкциите на пакувањето

производи за глазурата:

– 240 грама чоколадо
– 1 чаша павлака

подготовка:

Мешајте го шеќерот и јајцата со миксер додека се формирапена. Додадете брашно, измешано со прашок за пециво, млекото, маслото и ванилин екстракт.

Промешајте со лажица.
Истурете ја смесата во правоаголна тава или огноотпорен сад, кој претходно сте го намачкале со масло или путер. Печете на температура од 175 степени, околу 30-40 минути.
Штом ќе ја извадите од рерната, со рачка од лажица направете дупки по целата површина.
Сварениот пудинг според инструкциите на пакувањето, оставете да се излади и истурете врз колачот. Оставете да се излади.

За глазурата: кршеното чоколадо и ставете го во огноотпорен сад. Слатката павлака ставете на шпоретот да зоврие, а потоа истурете врз чоколадо.

Оставете две минути, а потоа промешајте додека добиете течна и мазна глазура. Веднаш истурете вр колачот и оставете да се излади.

Слични содржини