Освен владеачката партија која си го нарача „помилувањето“ од Уставниот суд, и експертската и политичката јавност се против. Тоа е сериозен удар врз довербата на институциите, и голема срам кој не носи сега не само во политичка туку во уставна криза на државата со големи последици. Меѓународниот фактор, е збунет од ваков развој на настаните , а  сатиричарот  на македоските состојби Пиер Ванхојте,  отворено преку своите мемиња со мачките порача – „Вие сте  сега 10 светлосни години далеку од ЕУ “van

Угледниот професор Ѓорќе Марјановиш во интервју за Фактор изјави  :„Апсолутно сум против оваа одлука на Уставниот суд. Со еден збор би кажал дека е ГОЛЕМА СРАМОТА што Уставниот суд не собра сила да се спротистави на предлогот што толку бргу го зеде во разгледување, речиси непосредно пред изборите што не’ очекуваат. И токму таа нивна брзина во одлучувањето како да ни’ испраќаше сигнали каков ќе биде и нивниот одговор, знаејќи каков е партискиот „бекграунд“ на дел од судиите во овој суд. Се’ ми се чини дека со ова самата власт признава дека имала искуство во изборните манипулации, и истите ги стекнала при поранешните избори, па сега сака своите миленици – учесниците во овој криминал од минатите избори – да бидат помилувани од Претседателот. Ја споменувам власта, затоа што е толку јасно кој стои зад ваквиот предлог.

Со одлуката на Уставниот суд, според СДСМ, Никола Груевски признава дека ги крадел изборите и нивното основно право за слободно гласање, вели и опозиционата СДСМ;

„Срамната одлука на Уставниот суд не е ништо друго освен класична злоупотреба на партиските инсталации во судството со надеж дека Груевски ќе се спаси од одговорноста дека ќе ја спаси сопствената кожа. Затоа беше поднесена оваа иницијатива до Уставниот суд и затоа експресно беше реализирана. Затоа беа организирани контрапротести со притисок врз вработени во јавната администрација.“лисици и суд

Според ДУИ одлуката на Уставниот суд ќе има последици и ќе отвори многу дилеми во општеството.

„…Се поставува моралното прашање? Што сега со оние кои одлежале затвор врз основа на овие норми доколку тие биле противуставни? Така што се отвораат многу дилеми во општеството и ова всушност ги охрабрува сите кои намислуваат да ги прекршат изборните процеси во иднина и делата да се повторат“, вели Џафери.

„Мислам дека ова е сигнал дека тука институциите не функционираат независно. Еднаш политиката дава надлежности, потоа политиката зема надлежности. Дејствувајќи така дојдовме до оваа ситуација“, вели Мендух Тачи, Претседател на ДПА.

Тоа според Тачи, уште една покажува дека институциите не функционираат независно.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека остануваат на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година.

ВМРО-ДПМНЕ:
„СДСМ мора да престане да врши притисоци врз судската власт и да се заканува кон сите што не работат по нивен диктат. СДСМ мора да сфати дека завршија времињата кога можеа преку еден повик да извршат влијание врз судиите и обвинителите.“

Слични содржини