По разводот Анџелина Џоли се обидува да биде примерна домаќинка и да плаче под туш

од Vladimir Zorba

Откако објави дека се разведува со Бред Бит, американската актерка Анџелина Џоли се обидува да биде примерна “домаќинка” и не работи во никој проект за филм, рече самата таа во интервјуто за списанието “Венити фер”. “Веќе девет месеци се обидувам да бидам добра во улогата на домаќинка, да собирам кучешки измет, да мијам чинии и да читам приказни навечер”, рече таа и се пофали дека напредува и во трите насоки.

Славното семејство Анџелина Џоли и Бред Пит објавија дека се разделуваат во септември 2016 година, по две години брак и единаесет години заедно. Тие се родители на шест деца, од кои три – нивни биолошки “.

Актерката, која освои “Оскар” во 2000 година зборува многу малку за разводот, признавајќи дека во текот на летото на 2016 година работите меѓу двајцата оделе “лошо”.

Потоа, таа се поправа и вели дека не сака да го користи овој збор. Наместо тоа рече”работите се искомплицираа”, преформулирајќи ги зборовите. Анџелина Џоли негира дека причината за разводот е поврзана со желбата на Бред Пит семејството да води повеќе седентарен начин на живот по години патувања по четирите краишта на светот.

Според неа не во тоа е проблемот. “Тоа беше и останува една од прекрасните можности кои можевме да им ја  дадеме на нашите деца”.

“Ние сите се опоравуваме од настаните кои доведоа до развод”, вели актерката, без да дава детали. Таа се обидува да си дава самоуверен изглед пред децата во најтешките за неа моменти. “Мислам дека е важно да плачам додека се туширам, а не пред нив“.

Слични содржини