Се покажува како неопходност формирање специјално судско одделение во рамки на скопскиот Кривичен суд, кое ќе постапува по предметите на Специјалното јавно обвинителство.Експертите велат дека тоа е нужност за да како крајна цел согласно пржинскиот договор профункционира СЈО. Во спротивно ќе се соочуваме само со одлагање , префрлање, заплеткувања и она што е суштинско- избегнување на правдата на обвинетите.

лисици

Законот за судови и Уставот  апсолутно дозволуваат основање на судско одделение кои ќе се бави со обвиненијата за предметите кои ќе произлезат од Специјалното обвинителство, коментираат правните експерти. Дотолку повеќе што  работа  на Специјално судско одделение надлежно за специфична проблематика е познато во светската пракса, а за него нема никакви правни пречки ниту во македонскиот правен систем, велат познавачите. Сепак станува збор за политичка воља за желба за менување на состојбитте и излез од кризата, и спремност за судска разврска во функција на владеење на правото. Ако власта прподолжи  и натаму да ја глуми позицијата за „соработка “ за излез од кризата, тие можат и да се согласат, а потоа како и со СЈО,  истата работа да ја блокираат , извртуваат од избор на судии до тоа кој тоа би го правел РСС ли парламентотли, и така до недоглед.

Од ДУИ преку медиумите вчера најавија дека тие би поддржале формирање на Специјално одделение во Кривичниот суд, кое ќе се занимава со предметите кои ќе произлезат од содржината на „бомбите“.Единствена забелечка е на нашинот и формата како тоа се обзнанува .

„Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори или по кругови. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Пржинскиот договор. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање на канцеларија или посебен оддел кој ќе се занимава со случаите на СЈО“, рече Бујар Османи за Алсат М.

Останува на преговорите меѓу четирите партии и оваа прашање да биде усогласено.

Слични содржини