По спор: Газпром создаде нова компанија

од Vladimir Zorba

1465396779-gazprom

Таа ќе се занимава со реализација на течен природен гас на бензиски пумпи во Европа

Компанијата Газпром објави во Берлин дека создала нова посебна компанија – Gazprom NGV, која ќе се занимава со реализација на течен природен гас на бензиски пумпи во Европа. Новата компанија ќе биде 100 проценти сестринска на Gazprom Germania GmbH и ќе продолжи трговијата со течен гас.

Таа ќе ги почитува сите барања на германскиот закон за енергетика, кој предвидува поделба на трговијата од преносот, се вели во пораката. Сега под власта на Gazprom NGV Европа се наоѓаат 50 бензиски пумпи во Германија и уште 10 се изградени во Чешка и Полска.

Во мај 2014 година федералната регулаторна агенција на Германија побара Gazprom Germania да прекине трговијата со течен гас на бензиски пумпи. Компанијата се обиде да ја обжали одлуката, но безуспешно.

Слични содржини