По судот и ОJO, се јавија и судиите: За непристрасна правда неоходно е непристрасно судство

од Vladimir Zorba

zdruzhenie-na-sudii
По скопскиот кривичен суд и Основното јавно обвинителство денеска со соопштение за актуелните случувања во правосудната фела се јави и Здружението на судиите на Република Македонија. Оттаму велат дека со особено внимание ги следат актуелните состојби во судството, „особено прашањата кои се однесуваат на независноста, непристрасноста, евалуацијата и одговорноста“.

„Здружението на судиите укажува дека независноста на судството е неопходно за обезбедување на непристрасна правда…Судијата ја врши судската функција независно врз основа на неговата проценка на факти и во согласнот со совеснто разбирање на законот, без никакви надворешни влијанија, потикнувања, притисоци, закани или мешање, директно или индиректно од која било страна или од било која причина“, стои во соопштението на Здружението на судиите.

Од Кривичниот суд изјавија дека со повикувањето на сослушување на лица опфатени во истражни постапки на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во јавноста се прават спектакли, во кои судот, „респектирајќи го дигнитетот на судската власт“, нема да учествува.

Обвинителите од Основното јавно обвинителство Скопје, пак денеска ѝ испратија отворено писмо на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со кое, како што велат, сакаат да го изразат своето незадоволство од нејзината работа и од „срамната непрофесионалност“ со која обвинителката ѝнаштетила на јавно-обвинителската професија./Мета

Слични содржини