По трет пат одложено судењето на Зоран Божиновски

од Vladimir Zorba

Денеска по трет пат се одложи судењето на новинарот од Куманово Зоран Божиновски поради неуредна судска достава.

zoran_bozinovski

Судските доставувачи не можат да го најдaт дома и да му врачат покана на сведокот на обвинителството, бизнисменот Минчо Јардонов, објави на својот фејсбук профил, претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.

„Сега судот ќе побара помош од полицијата да го најдат Јорданов, да му достават покана и да го спроведат во судница на 22 февруари.
Поради неможност да се обезбеди сведокот, денеска одбраната вон записник побара од обвинителот да го повлече обвинението-напиша Селмани.

Слични содржини