По цела ноќ работа изгасната депонијата во Струга

од desk2

Пожарот во депонијата во Струга конечно е изгаснат, речиси и да нема чад. Екипите на теренот продолжуваат со работа за затрупување на целата депонија со земја, да не се случи повторно да се запали некој помал дел.

Комисијата избрана од министерот за животна средина најавува доколку има потреба од дополнителни мерки ќе се постапи согласно ситуацијата на теренот.

Работниците ноќеска работеле цела ноќ, дури имало случај на губење свест од чадот и била побарана медицинска помош.
Во струшката јавност се погласно се шпекулира дека намерно се пали депонијата, но засега нема потврда за тоа./а10н

 

 

Слични содржини