По црвеното сонце, „Офелија“ донесе уште еден феномен во Британија

од desk2

Жителите на Велика Британија се уште беа под импресии од изненадувањето кое и го донесе ураганот Офелија во понеделникот, портокалово небо и црвено Сонце, за сега да и донесе уште едно – Во Ланкашир целиот град Клелевелис беше прекриен со пена, како и дел од областа Корнвола.

Силните ветрови го запениле морето и ги покриле патиштата и зградите, отежнувајќи го сообраќајот.

Експертите небото над Британија во понеделникот го објаснија со тврдењата дека Офелија донела песок и прашина од Африка и поради тоа сонцето изгледало дека има црвена боја.

Метеоролозите најавуваат за викенд нов ураган Брајан во Велика Британија.

Инаку, ураганот Офелија досега во Ирска одзеде три животи.

Слични содржини