По забраната на шорцеви, Британец се појави на работа во фустан

од Vladimir Zorba

Британец се појавил на работа, облечен со фустан во согласност со дрескодот за дамите, откако бил вратен дома, бидејќи носел шорцеви во горештините, соопшти УПИ.

Поттикнат од неподносливата жештина, Џои Барџ се појавил на работното место во колцентар со кошула и елегантни куси панталони.

“Ако на дамите им е дозволено да носат здолништа / фустани во службата, зошто и јас да не се облечам со шорцеви?”, напишал мажот на Twitter.

Малку подоцна Барџ објавил нов твит со кој изјавил дека е испратен назад дома, бидејќи го прекршил дрескодот на компанијата.

Службеникот сепак се вратил на работа, овој пат облечен со црн фустан со розови и портокалови ленти кој го зел од мајка си.

На крајот Џои Барџ бил информиран дека по неговата “изјава”, на мажите во службата ќе им биде дозволено да носат шорцеви.

“Делумна победа?” – со овој натпис Барџ  ја насловил објавата во социјалната мрежа, информираат вработените за промената во дрескодот.

Џои Барџ добил дозвола да се врати дома и да ја промени облеката, но одлучил да остане со фустанот во текот на целиот работен ден.

Фото: Twitter

Слични содржини