Француското Јавно обвинителство побара вкупно 153,5 години затворска казна во маратонското судење на 35 лица од Албанија, Косово и Македонија, кои се обвинети за членство во организирана група што се занимавала со шверц на дрога во реонот на тромеѓето на Франција, Германија и Швајцарија, јави дописникот на МИА од Париз.

zatvor1

Судењето на започна на 28 септември, а обвинетите, меѓу кои има и три лица од Македонија, се товарат за шверц со наркотици – хероин и кокаин во регионот на Сен-Луи, на тромеѓето на Франција, Швајцарија и Германија.

Истрагата започна во текот на втората половина од 2010 година и опфати повеќе физички следења, прислушувања и озвучувувања на автомобили, што резултираше со масовна полициска акција на 16 октомври 2012 од страна на швајцарската, француската и германската полиција.

Обвинтелите побараните високи казни ги образложија во нивниот завршен збор, кој траеше неверојатни 7 часа и 10 минути. Покрај побараните 153,5 години затворска казна, кои се движат од една до 10 години, за сите обвинети, освен за оние кои имаат француско државјанство, е побарано и изрекување на мерката доживотна забрана за престој на француска територија и протерување од Франција по издржувањето на казната.

Обвинителството побара и веднаш по изрекувањето на пресудите, приведените осуденици да бидат испратени в затвор, а по оние кои се во бегство да се издаде потерница. За македонските државјани се побарани казни затвор од пет, шест и седум години. Најголемиот број од обвинетите веќе имаат поминато од една до две години во притвор во рамките на истражната постапка.

Обвинтелството побара и високи парични казни за обвинетите, кои заедно знесуваат околу 350.000 евра, како и одземање на нивните запленетите добра.

Според оценката на набљудувачите на судењето, Јавното обвинителство на меѓурегионалната специјализирана судска инстанца, побара казни за „пример“, бидејќи максималната казна за овие дела изнесува 10 години затвор.

Јавниот обвинител во воведниот збор, пред да се посвети на секој обвинет одделно, посебно инсистираше на фактот дека „од пред десетина години албанската криминална средина речиси целосно ја контролира трговијата со хероин и кокаин во регионот на границата меѓу Франција, Швајцарија и Германија“. Повикувајќи се на статистичките податоци од француските затвори, тој нагласи дека бројот на затвореници со албанско државјанство се зголемил за неколкупати во последниве години.

Оваа група, на чии припадници им се судеше, според Обвинителството, не функционирала на пирамидален, туку на клански начин, со многу ограноци.

При апсењата кои беа спроведени од страна на специјализираните полициски сили на Франција, Германија и Швајцарија во 2012 година, и при претресите, беа пронајдени 8,5 килограми хероин и кокаин, 50 килограми производ за мешање на дрога и големи суми на пари.

На адвокатите за нивниот завршен збор им беа потребни два дена за да ги изнесат своите аргументи и да ги отфрлат доказите на Обвинителството, кое опфаќаат околу 40.000 страници, односно дваесетина сандаци со документи.

Во текот на судењето адвокатите често ја критикуваа истражната постапка, како и арбитрарното држење во привремена мерка притвор на обвинетите, од кои некои чекаат на судењето веќе три години. Но, пртеседателот на судот од Нанси, го отфрли барањето на адвокатите за ослободување на четворица од нив да се баранат од слобода до крајот на судењето;

Судскиот совет на Специјализираниот меѓурегионален суд со седиште во Нанси, во моментов заседава за донесување на судските одлуки за 35-мината обвинети, кои, како што беше најавено, треба да бидат соопштени доцна вечерва.

Слични содржини