Победа на МЗТ Скопје со 41 поен разлика

од desk4

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром очекувано забележа победа против подмаледниот тим над Карпош Соколи во заостанатиот меч од 12.коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Кошаркарите од Аеродром со убедливи 41 поен разлика, односно 101-60 го совладаа подмладениот тим на Карпош Соколи.

Младиот македонски репрезентативец Андреј Маслинко средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 34 поени и 12 скокови, додека Бојан Трајковски постигна 18 поени за победничкиот тим.

Со оваа победа, деветта во првенството, актуелниот шампион се искачи на третото место на табелата со 21 бод, еден помалку од второ пласираниот тим на Блокотехна (22), но дури пет помалку од непоразениот лидер Работнички.

Слични содржини