Почина актерот Бил Нан

од desk3

Актерот ветеран Бил Нан, кој глумеше во серијата “Спајдермен” и филмовите на Спајк Ли “Прави што треба” и “Подготвен за играта”, почина на 63-годишна возраст, соопштија американските медиуми и ТАСС.

sister-act-bill-nunn

Неговата сопруга Дона вели дека тој умрел во својот дом во Питсбург по заболување од рак.
Татко му е познат скаут на тимот во американски фудбал “Питсбург стијлерс” и исто така се вика Бил Нан.

Актерот дебитираше во 80-тите години на минатиот век во филмот “School Daze” на Спајк Ли. Во “Прави што треба” се дружеше на Дани Ајело, Џон Туртуро и Бил Еспосито. Снимаше споредни улоги во многу филмови, меѓу кои “Возот трезор” на Џозеф Рабин , “Калуѓерки во акција” на Емил Ардолино и “Крајни мерки” на Мајкл Аптед, како и во голем број на телевизиски серии, но не добил престижни филмски или телевизиски награди.

Слични содржини