Почина Барбара Синатра, вдовицата на легендарниот пејач Френк Синатра

од desk2

Барбара Синатра, вдовицата на легендарниот пејач Френк Синатра, почина во вторник на возраст од 90 години.


„Беше окружена со семејството и пријателите во својот дом во Ранчо Мираж во Калифорнија“, рече официјалниот семеен портпарол.

Барбара во 1975 година се омажи за Френк и остана 26 години во брак со него, што е најдолг од неговите четири брака.
Тој порано беше женет за Ненси Барбато, Ава Гарднер и Миа Фароу. Почина во 1998 година.

Барбара во младоста беше модел, а подоцна стана позната по својата работа со злоставувани деца.

Центарот за деца на Барбара Синатра во Ранчо Мираж им пружа терапија и посебни програми за работа со злоставувани и занемарени деца во различни ситуации и до сега таму се лечеле повеќе од 20.000 деца откако е отворен во 1986 година.

Слични содржини