Почина дизајнерката Соња Рикел

од Vladimir Zorba

Соња Рикел, основач на истоимената модна куќа, почина во Париз на 86 години, соопшти АФП.
“Мајка ми почина ноќеска во Париз, во својот дом, кон пет часот наутро, од Паркинсонова болест”, изјави нејзината ќерка Натали пред АФП.5034369

Соња Рикел си го доби името “Кралица на плетките”, бидејќи создаваше со нив цели колекции.
Рикел е француска модна дизајнерка, родена во Париз во 1930 година во семејство на еврејски емигранти од Полска.

На 17-годишна возраст таа е најмена да ги украсува витрините на париска текстилна продавница. Во 1953 година Соња се мажи за Сем Рикел – сопственик на бутик за елегантна облека. Во 1962 година тогаш бремената Соња не успева да најде доволно мек џемпер во француските бутици, затоа го проектира сама, а нејзиниот сопруг ѝ порачува кашмир од Венеција.

Така Соња го создава мекиот џемпер, како и првите фустани за идни мајки. Џемперот се претвора во нејзина заштитен знак.

Таа прва творба го носи името “џемпер на сиромашното момче” и почнува да се продава во бутикот на нејзиниот сопруг, со неговата трговска марка Laura.la_collection_poor_boy_sweater_automne_hiver_2013_2014_de_sonia_rykiel__de_690____890_euros_703891410_north_499x_white

Големата популарност доаѓа кога џемперот се појавува на насловната страница на списанието ELLE. Од тогаш наваму Рикел експериментира со шевовите од предната страна на облеката и ги отстранува полите. Додава на оригиналниот дизајн на своите џемпери и печатени зборови. Покрај тоа дизајнерката создава свој вкус.

Типични за неа се големите набрани џемпери со долги јаки и обемните марами. Моделите за горна облека често вклучуваат волуменски делови. Боите кои се користат, се главно беж, сива, темно сино и црно.soniarykielspring sonia-rykiel Sonia_Rykiel_spring_summer_2016_collection_Paris_Fashion_Week1 Sonia_Rykiel_fall_winter_2014_2015_collection_Paris_Fashion_Week3

Слични содржини