Почина францускиот моден дизајнер Живанши

од desk2

Убер Џејмс Живанши (91), аристократскиот француски моден дизајнер, кој го створи малиот црн фустан, и дизајнираше облека за Одри Хепберн и Џеки Кенеди, почина на возраст од 91 година, соопшти неговиот партнер во понеделникот.

Тој постави рамка за тоа како треба да изгледаат жените во 1950 -тите и 60-тите години, а неговиот стил се уште се почитува во кругот на Кралицата Елизабета II, а се негува и кај постарите Американки и Кинески.

Неговиот партнер, дизајнерот Фелипе Венет, денеска објави дека модниот могул починал во сон во саботата.

Двојката живееше во ренесансен замок во близина на Париз.

Средбата на Живанши со Одри Хепберн за време на снимањето на „Сабрина“ во 1953 година, го направи модна легенда.

Фустаните кои тој гидизајнираше за актерката во нејзините филмови ги направи двајцата модни икони.

Црниот фустан што тој го направи за воведните сцени во „Доручек кај Тифани“ беше најпрепознатливиот мал црн фустан на сите времиња, иако легендата Коко Шанел е заслушна за нејзиниот подем.

Живанши креираше и облека за сопругата на претседателот на САД Кенеди, Жаклин.

„Убер де Живанши беше симбол на париската елеганција повеќе од половина век“, стои во изјавата од модната куќа во понеделникот.

Слични содржини