Почина легендарниот комичар Џери Луис

од desk2

Холивудскиот генијален актер и еден од омилените комичари Џери Луис, почина денеска на возраст од 91 година, во неговиот дом во Лас Вегас, потврди неговиот агент.


Луис во 50-тите години на минатиот век се здружи со актерот Дин мартин, а тие двајца во историјата на шоубизнисот беа еден од најуспешните тандеми.

Неговата смрт е потврдена со соопштение објавено на Twitter, кој ја објави новинар од Las Vegas Review Journal.

„Легендарниот комичар Џери Луис почина од природна смрт во својот дом. Во тие моменти со него беше неговото семејство“, се наведува во соопштението.

https://www.youtube.com/watch?v=1TWhFmCRdoU

Во светот на комедијата Луис беше ценет како гениј. Неговиот документарен филм “Method to the Madness” претстави бројни комичари од Били Крстал, Еди Марфи до Шеви Чешу.

„Јас сум платен за она за што повеќето деца се казнуваат“, велеше Луис.

„Ако не го разбирате Џери, не ја разбирате комедијата“, рече Џери Сајнфилд во “Method”.

Слични содржини