Почина легендарниот поет и музичар Леонард Коен

од Vladimir Zorba

Коен почина во Лос Анџелес, каде што ќе се одржи и збогување со него.

koen

Канадскиот поет, писател, автор и изведувач на песни Ленард Коен почина на 83-годишна возраст, пренесе АФП.

“Со голема тага известуваме дека си отиде легендарниот поет, композитор и изведувач Леонард Коен.

Го загубивме еден од највредните и продуктивни визионери во светот на музиката”, се вели во соопштението на профилот на Коен на Фејсбук. Неговата смрт беше потврдена од музичката компанија Sony Music Canada и од членови на неговото семејство. Коен почина во Лос Анџелес, каде што ќе се одржи и збогување со него. Датумот ќе биде објавен подоцна.

Во неговиот роден град Монтреал националните знамиња на Канада ќе бидат спуштени на половина, соопшти градоначалникот на мегаполисот Дени Кодер.

 

5156590Леонард Коен е роден во 1934 година во Вестмаунт до Монтреал во англиското говорно подрачје во еврејско семејство.  Првата стихозбирка  ја објави во 1956 година, а својот прв роман – во 1963 година. Раните песни на Леонард Коен, од кои многу се вклучени во албумот од 1967 година “Songs of Leonard Cohen”, биле под силно влијание од Централно-европската народна музика.

Во 70-тите години во неговата музика вклучува повеќе елементи на поп, кабаретна музика и ворлд мјузик. Во 80-тите години високиот баритонов глас постепено се поместува кон пониските регистри (бас баритон и бас), а неговите песни често се придружени од синтисајзери и женски беквокали.

Музиката на Коен има силно влијание врз други текстописци. Зачувани се стотици варијанти на негови дела.

Слични содржини