Почина мачорот Стабс – четириножниот градоначалник на Талкитна

од Vladimir Zorba

Почесниот градоначалник на американскиот град Талкитна во Алјаска – мачорот Стабс, почина на 20-годишна возраст. Во градот во кој живеат само 900 луѓе, од 1997 година градоначалник е мекиот Стабс, а неговите функции на градоначалник се извршуваат од градскиот совет.

Мачорот го добива престижниот пост во сосема рана возраст, кога е уште мало маче. Пред 20 години менаџерот на еден од локалните продавници Лори Стек ја издига на шега кандидатурата на  Стабс кој тогаш е штотуку прибран од улицата.

Идејата е прифатена од локалните жители и така две децении во Талкитна нема двоножен градоначалник. Се очекува почесната позиција да биде “предадена” на друго маче кое живее во истото семејство во кое е и Стабс.

Слични содржини