Почина маж во сообраќајка, повредено дете во друга

од desk2

Во неколку сообраќајки во изминатото деноноќие еден маж загина, повредени се повече лица, меѓу кои и едно петгодишно дете.

Во сообраќајка што се случила во вторникот околу 23 часот на автопатот Градско-Велес помеѓу патничко возило „Мазда 626“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.З. (19) од Велес и патничко возило „Цитроен АХ“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од Куманово, а управувано од непознато лице.

Според пронајдената лична карта во возилото, можно е да се работи за Б.С. (42) од село Псача, кривопаланечко.
Во незгодата од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „Цитроен АХ“. Смрт е констатирана од страна на лекар од Здравствен дом Велес.

Со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „Мазда 626“ С.З. (46) и еден 16-годишник, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Велес.По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција во институтот за судска медицина во Скопје.
Сообраќајот бил во прекин до 2.30 часот на 21.06.2017 година.

 

Во незгорда што се случила околу 16 часот на регионалниот пат село Лисиче – село Дреново (велешко) во која С.Б. (58) од село .Долно Јаболчиште, општина Чашка, управувајќи патничко возило „Фолксваген Туран“ со велешки регистарски ознаки, излетало на левата страна од патот и удрило во земјен брег. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилo петгодишно дете од с.Д.Јаболчиште, на кое му била укажана лекарска помош во Општа болница Велес, по што билo испратенo на понатамошно лекување на клиниката за Детска хирургија во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Во сообраќајка што се случила околу 19 часот на регионалниот пат Берово – Делчево, на место викако „Слатина“,Б.С. (24) од Кочани, управувајќи патничко возило „Опел Вектра“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната сообраќајна лента и директно удрил во патничко возило „Ауди А4“, управувано од Г.П. (31) од Берово . Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Г.П., кој е задржан на лекување во Медицински центар Штип и сопатничката во патничкото возило „Опел Вектра“, С.С. (44) од село Бања, општина Чешиново-Облешево, која била пратена на лекување во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Берово.

Слични содржини