По долга и тешка борба со карцином, во 69-тата година од животот, почина еден од најголемите британски музичари Дејвид Боуви.David_Bowie-aaa_557795S1

„Денеска почина во мир, опкружен со семејството, по храбрата 18-месечна битка со ракот. Иако многумина од вас ќе го споделат овој губиток со нас, ве замолуваме да ја почитувате приватноста на семејството за време на тагувањето“, стои во соопштението објавено  на профилите на социјалните мрежи кои ѝ припаѓаа на оваа пејачка легенда.
3005A6D300000578-3393470-image-a-1_1452495646846

Боуви наполни 69 години на 8 јануари, кога го издаде последниот 25-и студиски албум.

Дејвид Роберт Џејмс е роден на 8 јануари 1947 година во Брикстoн. Во неговата долга кариера минува низ повеќекратни промени наметнуваат трендови и стандарди во поп музиката. Боуви си избира прекар, за да не биде помешан со фронтменот на The Monkees Дејви Џонс.20160111.ekpwbeoxob

Боуви остава зад себе и некои големи кино улоги. Освен тоа пишувал и сликал.

“Пишувам песни, сценарија и песни. Цртам, се занимавам со Кирлианова фотографија, менаџирам , играм, продуцирам, снимам и понекогаш сум на турнеја. Можам да ти извадам веднаш пет нови, необјавени албуми на Дејвид Боуви веднаш. Имам неверојатно количество насобран материјал. Работа, работа, работа … “, вели Боуви во интервју за” Playboy “во 1976 година.

На прашањето во што верува Боуви одговара: “Во себе. Политика. Секс … !”.

https://youtu.be/nP6xBFyA_aw

Слични содржини