Почина највозрасната жена во светот

од desk2

Највозрасниот човек на светот, Јамајканката Вајолет Браун, почина во петокот на 117-годишна возраст, со што моментно највозрасна е Јапонката Наби Таџима, која е само пет месеци „помлада“.

Браун е родена како Вајолет Мос на 10 март 1900., а се занимаваше со сеча на шеќерна трска на својот имот во округот Дуанвал во западна Јамајка. Беше припадничка на Баптистичата црква. Нејзиниот сопруг Огустус умре во 1997 година, а најстарото од нивните шест деца, почина во април годинава, на 97 години.

Популарната „Тетка Ви” почина на точно 117 години и 189 дена. Последните мигови од животот таа ги мина во една локална болница, каде се лекуваше од срцева аритмија и дехидратација.

Премиерот на Јамајка, Ендрју Холнес упати преку Фејсбук сочувство до нејзиното семејство, нарекувајќи ја „инспиративна жена”.

Во една прилика, Браун рече дека е изненадена, но и благодарна поради долговечноста. – Тоа Бог ми го даде, па морам и да го прифатам, истакна таа.

Слични содржини