Нико Нестор, првиот Македонец што ги преплива Ла Манш и Охридското Езеро, почина денеска во Скопје, во 81. година од животот.

hqdefault

Нестор на 9 септември 1959 година го преплива каналот меѓу Франција и Велика Британија за 12 часа и 6 минути, по што дневните весници во Англија излегоа со наслови дека Нестор е првиот човек од тогашниот Источен блок, кој успеал да го совлада растојанието меѓу Кале и Довер. Истата година беше избран за најдобар спортист на Македонија. За овој свој подвиг во 2009 година доби специјално признание од Здружението на пливачки маратонци. Нестор е и првиот Македонец кој го препливал Охридското Езеро – од Свети Наум до Струга за 11 часа и 28 минути во 1958 година..

нестор е роден на 19 јуни 1934 година во Струга. Беше член на ПВК „Охридски бранови“ од Охрид. На републичките првенства освои 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година.

Посмртните останки ќе бидат изложени в недела, од 11 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел, а погребот ќе биде во 12 часот.

 

Слични содржини