Почина основачот на групата AC/DC Малколм Јанг

од desk2

Легендарната музичка ѕвезда и основач на групата AC/DC, Малколм Јанг почина во сабота, на возраст од 64 години.

Јанг во последните три години патеше од деменција, а во моментот на смртта со него било неговото семејство.

Малколм е текстописец, изведувач, гитарист, продуцент и визионер кој инспирираше многу генерации и заљубеници во рок ен ролот.

„Од самиот почеток знаеше што сака да постигне и заедно со својот помлад брат, отиде на светската сцена и даде се од себе во секој настап“, соопшти семејството по неговата смрт.

Јанг е роден во 1953 година Глазгов, а со семејството емигрирал во Австралија во 1963 година. Во 1973 година ја основа AC/DC, кога имаше само 20 години, а набрзо му се придружи и помладиот брат Агнус. Малколм зад себе ја остави сопругата Линда и две деца.

Слични содржини