Почина поранешниот англиски репрезентативец Ехиогу

од Vladimir Zorba

 

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија, Уго Ехиогу почина во болница ден по срцевиот удар, соопшти денеска Тотенхем, клубот каде што работеше со младинскиот тим.

Ехиогу колабираше вчера на „Вајт Харт Лејн“ за време на тренингот по што беше префрлен веднаш во болница во Лондон, но лекарите не успеаја да му го спасат животот.

Поранешниот играч на ВБА, Астон Вила, Мидлзборо, Лидс, Ренџерс и Шефилд почина во 44-та година.

За англискиот национален тим одигра четири натпревари и даде еден гол, а  последните три години беше дел од стручниот штаб на Тотенхем и го предводеше тимот до 23 години.

Слични содржини