Почина режисерот на „Кога јагнињата ќе стивнат“ и „Филаделфија“

од Vladimir Zorba

Џонатан Дем, филмаџија добитник на “Оскар”, кој го екранизираше “Кога јагнињата ќе стивнат” и го изведе Том Хенкс до неговиот “Оскар” за “Филаделфија”, почина во Њујорк на 73 години. Во 1992 Дем достигнува вистински врв со трилерот на Томас Харис “Кога јагнињата ќе стивнат” во кој играат Ентони Хопкинс и Џоди Фостер.

“Кога јагнињата ќе стивнат” има исклучителни успех – заработува награди за најдобар филм, актер, актерка, режисер и адаптирано сценарио.

Во 1993 Дем го режира “Филаделфија”, кој му носи “Оскар” за главна машка улога на Том Хенкс.

Дем боледувал од рак на хранопроводот. Тој ќе биде погребан по церемонија во тесен круг. Семејството замоли наместо цвеќе, ожалостените да испратат донации за добротворна организација за заштита на имигрантите во Флорида.

Џонатан Дем е роден во Болдвин, недалеку од Њујорк. Мајка му била актерка, а татко му – специјалист за односи со јавноста. Кога Џонатан наполнил 15, неговото семејство се преселило во Мајами. Како мал Џонатан сонувал да стане ветеринар. Тој завршува на Универзитетот во Флорида, но уште додека е таму сфаќа дека не сака да се занимава со ветеринарна медицина.

По дипломирањето започнува работа како кинокритичар во локалниот весник. Подоцна се занимава со реклама за кинокомпанијата “Јунајтед Артистс”.

Од 1974 година започнува со режија на филмови и првично нема успех. Освен како талентиран режисер, тој се манифестира како сценарист на повеќето од своите филмови, а исто така и како продуцент. Во 1990 година ја основа кинокомпанијата “Clinica Estetico”, која се занимава со најразлични проекти. Во неа се создадени некои од најпознатите видеа на музичари како Нил Јанг и Брус Спрингстин, остро социјалните документарни филмови “Swimming to Cambodia”, “Cousin Bobby”, а исто така и лентата “Stop Making Sense”, посветена на концерт на “Talking Heads “. Таа е наградена со награда од Националната асоцијација на кинокритичарите на САД.

Слични содржини