Почина соул пејачот Чарлс Баркли: Поранешниот бездомник се стекна со слава на 60 години

од desk2

Соул пејачот Чарлс Баркли кој стана познат последните години, почина на возраст од 68 години.


Поранешниот имитатор Џејмс Браун со прекар „врескав орел на соулот“, го објави првиот албум “No Time For Dreaming” 2011 година, кога имаше 62 години.

Откако беше на лечење од рак во стомакот минатата година, се врати на настапите во живо. Умре две седмици откако го откажа остатокот од турнејата за оваа година.

Поголемиот дел од животот го помина работејќи споредни работи затоа што сите го знаеја како способен. Неретко живееше на улица, а спиеше во метрото во Њујорк. Поркај се, продолжи да компонира и да пее.

Негова инспирација беше Џејмс Браун, чиј настап го гледал како тинејџер. Пред 17 години потпиша договор со една издавачка куќа, а прв пат се појави на настап на соул пејачот Шарон Џонс, кој пак почина лани.
Сними неколку синглови, а неговиот албум “No Time for Dreaming” е прогласен за албум на годината во магазинот Rolling Stone. Настапуваше на врвни фестивали.

„Бев надвор од16 години, музицирав и ја барав својата прилика, но никој не веруваше во мене. Ми требаше долго време, но драго ми е што сум овде. Иако, би сакал тоа да го постигнев во моите 20-ти години“, рече пред неколку години во интервју за BBC.

Слични содржини