Почетна / Актуелно / Почна електронското пријавување за место во студентските домови

Почна електронското пријавување за место во студентските домови

За студентите од денес е отворено електронското аплицирање за вкупно 5.498 легла во државните студентски домови за студиската 2017/2018 година.

Електронската апликација за сместување може да се најде ОВДЕ.

Рокот за електронското пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од денес и ќе трае до 12 август, додека електронското пријавување на студентите од I година почнува од 20 август и ќе трае до 28 август.

На Конкурсот право да се пријават имаат сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.

Начинот на аплицирање, критериумите за прием и потребните документи можете да ги најдете ОВДЕ./Радио МОФ