Почна гаснењето на пожарот во депонијата кај Струга

од Vladimir Zorba

Откако граѓаните протестираа и се заканија со граѓанска непослушност, попладнево почна гаснење на пожарот во депонијата кај Струга, во акција на локалните власти во соработка со државни институции.

В.д. градоначалникот на Струга е оптимист дека санацијата на депонијата може да заврши до крајот на овој месец.

Побарано е и Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи со авиони, доколку има потреба од тоа.

Инаку, во врска со пожарот што сериозно ја загрози животната средина, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и коалициските партнери дека од Охридското езеро прават депонија и ја загрозуваат туристичката сезона, а СДСМ одговори дека проблемот со струшката депонија се создал во времето кога на власт била и ВМРО-ДПМНЕ.

Депонијата зафаќа 14.000 квадратни метри.

Слични содржини