Почна маратонската расправа за законот за јазиците

од desk2

Собранието денеска продолжи со 15 седница на која главна точка е предлог-законот за употреба на јазиците. Ова е прво продолжение на расправата за овој закон, по паузата поради локалните избори.

Во собраниската сала се речиси сите пратеници од СДСМ и од владејачката коалиција, додека во пратеничките клупи резервирани за ВМРО-ДПМНЕ има едвај 12 пратеници. Во многу мал број се присутни и пратениците од албанските партии.

Се очекува долга расправа за предлог-зконот за јазиците, затоа што за збор се пријавени 60 пратеници. Како и претходно, се очекува опозицијата да го критикува законот како неуставен и штетен.

Слични содржини