Почнува  раселувањето по квотите  на мигранти во земјите од Европската унија. Првите “дистрибуирани ” ќе бидат 16 еритрејци кои ќе бидат префрлени од Италија во Шведска, соопштија светските медиуми.

бег

Високиот претставник на ЕУ за прашањата за надворешни работи Федерико Могерини апелира да се најдат “заеднички одговори и заеднички решенија на едно општ предизвик “, повика таа на конференцијата на ЕУ во Луксембург со учествуваат на земјите од Западен Балкан, Турција, Либан и Јордан. Во завршната декларација ЕУ ветува поголема финансиска помош, но и сака да се отворат нови регистарски центри, да постои ефикасна  гранична контрола и да се води борба против организираниот шверц на луѓе. Според податоците на ОН од почетокот на годината на “Балканскиот пат” во Европа пристигнале 428 000 луѓе.Се очекува Советот за безбедност на ОН да гласа дали да одобри европската морска операција, чија цел е да бидат пресретнуваани  бродови и уапсени шверцери на луѓе во меѓународните води меѓу Италија и Либија.

 

Слични содржини