sobranie

Почна седницата за носењето на законите предвидени со договорот од Пржини. На почетокот спикерот Вељановски соопшти дека сега ја почнува седницата само за да се изгласа дневниот ред, а веднаш потоа ќе ја прекине седницата за законите да можат да одат на претрес пред надлежните комисии. Како што соопшти Вељанвски пакетот од договрените закони ќе се донесат денеска до вечер. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски уште на почетокот побара законите да се носат по скратена постпка.

Координаторот на СДСМ Горан Сугарески побара измена на дневниот ред и прв аточка да биде Законот за Влада за да можело уште денеска да се изберат новите министри.

„Ова не го бараме од технички, туку од суштински причини, Димовски кажа дека од повисоки интереси, затоа бараме оваа точка да биде прва. Од суштинска важност е да му овозможиме на премиерот веднаш да стави потпис на оваа точка и да ги предложи министрите и заменик министрите, за да не се губи време. Да не дозволиме ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да го кочи договорот од Пржино. Нека дојде Груевски, нека ги предложи министрите денеска или утре, за да не губиме време“, рече Сугарески и наиде на негодување од пратениците на власта.

На ова се спротистави сприкерот Вељановски кој рече дека барањето за измена на дневниот ред е спротивно на деловникот, но и на тоа дека било договорено законите да се носат во пакет.

Откако беше утврден дневниот ред, Вељановски ја прекина седницата и ја презакажа за вечерва во 19 часот.

Слични содржини