Почна затворената седница во парламентот на која се разгледува договорот за добрососедство со Бугарија

од Vladimir Zorba

Членовите на собраниската Комисија за надворешна политика ја почна затворена седница за јавноста за договорот за добрососедство на Македонија и Бугарија.

 Премиеорт Зоран Заев лично го претстави нацрт-договорот за добрососедство со  Бугарија. Тој  по презентацијата ќе одговора на сите прашања од пратениците на оваа затврена седница.

 Пред четири дена министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров во интервју за агенцијата Ројтерс изјави дека Македонија и Бугарија го усогласиле текстот на договорот за добрососедство.

„Потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија ќе го зајакне нашиот кредибилитет, ќе покаже дека сме сериозни и дека сакаме да градиме пријателства во нашиот регион“, изјави за Ројтерс Димитров.

Засега не се откриваат деталите од постигнатиот договор, но по денешната презенрација  во Собранието  деталите секако ќе бидат пробиено во јавноста .

Ни јавноста во Бугарија засега нема информации за текстот на договорот. Она што е извесно, е дека тој ќе биде потпишан како што е предвидено со заедничката Декларација од 1999 година, а која беше основа за нацрт-договорот: на официјалните јазици на двете земји, односно на официјалниот јазик согласно со Уставот на Македонија, и на официјалниот јазик согласно со Уставот на Бугарија.
„Јазичната клаузула е една иста (од 1999 година- н.з) и нема да ја менуваме“, изјави Захариева.

Бугарската опозиција во повеќе наврати го критикуваше нацрт – договорот, оценувајќи го како „антибугарски“. Пратеникот Валери Жабљанов од Бугарската социјалистичка партија (БСП) го повика премиерот Бојко Борисов да се откаже од неговото потпишување.

„Признавањето на основните тези на македонизмот како подтекст на договорот, крие огромни ризици и опасности и за Бугарија и за односите на Балканот“, изјавил Жабљанов.

„Интерпретации на темата се непотребни, а ново отворање на прашањето е безвредно и за двете земји“, одговори Захариева.

Во заедничката Декларација од 1999 година пишува дека е потпишана на официјалниот јазик согласно со Уставот на Македонија, и на официјалниот јазик согласно со Уставот на Бугарија.

„Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, ќе биде  потпишан на три јазици, македонски, бугарски и на англиски јазик. Со тоа што бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе го стави својот потпис практично ќе значи признавање на македонскиот јазик. За отстранување на термини од учебниците ќе одлучуваат експерти, но сѐ треба да се разјасни дури откако договорот со Бугарија ќе биде потпишан“, рече премиерот Заев.

Според најавите  договорот би требало да  биде  потпишан на 1 или 2 Август,  во Скопје,  а на приемот за  прославата  на Илинден  ќе присуствува и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Засега конструктивна атмосфера на комисиската расправа во македонскиот парламент.

 

Слични содржини