Почнаа првите проекти финансирани од новиот регионален фонд на ЕУ (EU Regional Trust Fund) за справување со сириската криза. Тие ќе бидат применети во помош на сириските бегалци кои живеат на територијата на Турција, во форма на пристап до образование и храна, соопшти Европската комисија.

COVOALUWUAEUVSL

Сириски бегалски камп во Јордан

Вчера беа потпишани два договора за отпочнување на спроведувањето на програмите на УНИЦЕФ и организацијата на ОН за хуманитарни испораки на храна Светската програма за храна.

Ќе бидат обезбедени обука и храна во вредност од 17,5 милиони евра за 240,000 сириски бегалци во Турција. Според информациите на Европската комисија повеќето од нив се деца.
За време на својот говор за состојбата на Унијата Жан-Клод Јункер вчера постојано ги поздравуваше напорите кои соседните на Сирија ги вложуваат за да ги засолнат бегалците, велејќи дека овие држави заштитуваа многу поголем број баратели на азил, но истовремено со тоа располагаат со ограничени ресурси. Целта на проектите на новосоздадените фондови е да се упатува помош за потребите на стотиците илјади раселени кои живеат во камповите во близина на сириската граница.

zx450y250_2607003

Според комесарот за проширување, Јоханес Хан, ЕУ “треба да им помага на бегалците кои се во земјите околу Сирија, бидејќи тие трпат огромен дел од товарот на кризата”.

– Поголемиот дел од бегалците се деца и младинци, чија иднина е доведена во ризик и тоа би било добра почва за радикализација и илегална емиграција, ако не засилиме своите мерки”, предупреди Хан.

Според Европската комисија повеќе од 11,5 милиони Сиријци од почетокот на конфликтите побегнале од Сирија. Во моментов речиси 4 милиони луѓе живеат во кампови во соседните земји, а 2 милиони од нив се наоѓаат во Турција.

Слични содржини