Почнува делењето на изборниот колач – Заев со Ахмети ги започнува преговорите

од Vladimir Zorba

Роковите за екипирање на новиот владин кабиент течат.По добивањето на мандатот, лидерот на СДСМ веднаш ги започна разговорите за составот на новиот владин кабинет. Зоран Заев денеска официјално започнува со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

По усогласување на ставовите меѓу СДСМ и ДУИ, понуда ќе има и за останатите партнери од парламентарното мнозинство.

Многу имиња и комбинаторики се вртат во јавноста. Она што е извесно е дека Заев ќе бара и ќе даде квалитетни решенија, но нема да го раситни премногу пратеничкиот состав. Нема како во сите досегашни Влади, пратениците веднаш по добиените избори да влезат во седнат во владините фотељи. На Заев му е неопходна и квалитетна пратеничка група.

И она што е многу значајно има согласност кандидатите што би биле предложени за министерски позиции, но и на други јавни функции, да не бидат опфатени од истраги на СЈО, односно зад нив да нема никакви корупциски афери./a1on

Слични содржини