Почнува судењето за „најголемиот корупциски скандал“ во историјата на Грција

од Vladimir Zorba

 

Пред Аплелацискиот суд во Атина денеска почнува судскиот процес за зделката меѓу грчкиот телеком ОТЕ и германската компанија „Сименс“ од 1997 година, која во Грција се оценува како „најголем корупциски скандал“ во историјата на земјата.

Обвинетите во процесот се товарат за исплата на мито во висина од „милиони евра“ од тајните фондови на германскиот гигант на високи грчки официјални претставници.

Судењето требаше да почне лани во јули, но беше одложено затоа што заклучоците на Судот не беа преведени на германски јазик за да им бидат доставени на обвинетите странци, што предизвика остри реакции во јавноста, имајќи предвид дека целиот процес трае веќе 10 години.

Во процесот се обвинети 64 лица – грчки и германски државјани. Според грчките медиуми, врз основа на обвинителните акти, некои од обвинетите би можеле да заработат и доживотни казни затвор.

Спорот се однесува за договор склучен во 1997 година меѓу ОТЕ, тогаш во државна сопственост, и „Сименс“ за набавка на опрема за модернизација на технолошката инфраструктура на грчкиот телеком за потребите на Олимписките игри во Атина во 2004 година.

Обвинителите тврдат дека германската компанија на високи грчки владини претставници им исплатиле огромни суми за поткуп.

Слични содржини