Почнува третиот фестивал на музички документарци „Скопје Синема Сити“

од Vladimir Zorba

Од денеска до 19 јуни 2017 во Кинотека на Македонија ќе се одржува третиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, кој ќе биде отворен со филм за Крафтверк.

– Фестивалот пред сѐ сака да го прикаже богатството и разновидноста на музичкиот свет и затоа програмата е зачинета со документарни филмови од светот на електронската музика.

Па така, покрај Крафтверк, во истата вечер следува и филм за Жан Мишел Жар – „Патешествие низ електронската музика“, соопшти организаторот на фестивалот.

Скопје синема сити 2017

Во наредните денови ќе бидат прикажани филмови за џез и боса нова музиката: „1959 – годината која го промени џезот“ и „Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата“, потоа за џез-дивите Били Холидеј, Нина Симон, Ела Фицџералд, Пеги Ли, Сара Вон, серијал филмови за класична музика: „Задоволството наречено Моцарт,“ филм за авангардната класична музика на Франк Запа – „Современиот композитор одбива да умре“, проекција на концертниот филм „Дерек Меј и Џијан Емин“…

Фестивалот ќе заврши со портрет на Дејвид Боуви, преку неговите интервјуа и снимки за Би-Би-Си, вклучувајќи и негови настапи снимени во разни периоди од неговата кариера за овој национален сервис.

Информации за програмата се објавени на веб-страницата на фестивалот www.nomad.com.mk и на Фејсбук страницата.

Слични содржини