Халфот на Јувентус Пол Погба може наскоро да стане играч на Манчестер Јунајтед.

4969077Французинот ќе ги помине медицинските истражувања за англискиот клуб во Лос Анџелес, каде што во моментов е на  одмор, пишува “Daily Mail”. Веќе стана познато дека “црвените ѓаволи” ќе платат за тоа 110 милиони фунти., Како провизија на агентот Мино Раиола ќе бидат  20% од трансферната сума. Договорот на Погба ќе биде за пет години со плата од 290 000 фунти неделно. Фудбалерот премина во редовите на гигантот од Торино во 2012 година токму од Манчестер Јунајтед, но како слободен агент и на “Олд Трафорд” добија само провизија од 800 000 фунти за тоа дека играчот бил во нивната школа. Погба ќе стане четвртото летно засилување за Јунајтед по  Хендрик Мхитарн, Ерик Бејли и Златан Ибрахимовиќ.

Слични содржини