Почетна / Актуелно / Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан: Договор од национален интерес – го гледаме најпрвин личниот или партискиот интерес!?

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан: Договор од национален интерес – го гледаме најпрвин личниот или партискиот интерес!?

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска aрхиепископија, г.г. Стефан, по служењето на архиерејската литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во Тетово, по повод празникот Источен Петок, во својата беседа повика на обединување на македонскиот народ и на заштита на државните интереси.

– Ние, но особено други забележале дека сме добродушен, кроток, гостопримлив народ. За други сме подготвени да дадеме сè што имаме и лебот од устата да го поделиме. Тоа е поради христијанското во нас. Но, сосема сме други кога се во прашање меѓусебни односи, македонските односи и работи. Тешко меѓу нас ги договараме работите од национален и од државен интерес. Го гледаме најпрвин личниот или партискиот интерес – порача пограварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан./Мета