Погледнете ги двете венчаници на Серена Вилијамс и гламурот на свадбата

од desk2

Вечра сите медиуми пишуваа за гламурозната свадба на тенисерката Серена Вилијамс и основачот на Редит, Алексис Оханијан, но никој немаше фотографии.


Денеска осамнаа неколку фотографии, иако присуството на медиумите на венчавката беше под вел на тајните.

Додека нејзиниот партнет беше елегантен и среден, Серена изгледаше како принцеза од бајка.

Венчаницата со потпис на дизајнерот Александар Меквин, подразбира широк фустан од тул и светлуцкава пелерина.

Откако на својот партнер му се заколна на вечна љубов, Серена се пресоблече во поудобен фустан кој го носеше до крајот на денот.

Донатела Версаче откри дека за овој фустан одвоил а 1.500 часа, а на него работеле дури пет мајстори.

Благодарение на можноста да се скрати, Серена уживаше во првиот танц со Алексис, а набрзо светската тенисерка се симна од високите штикли и ги замени со патики.

https://www.instagram.com/p/Bbomf_Pnie1/?taken-by=lonitaplanned

https://www.instagram.com/p/BbokB46hNdH/?taken-by=amazing_sopie

Слични содржини