Во вчерашниот втор дел од емисиите во живо посветени на Евровизија, нашиот Боби Мојсовски ја имаше честа да го отвори шоуто со својот прв настап во финалните вечери.299239728

Тој беше вратен во натпреварувањето минатата емисија од жирито, откако не беше избран како дел од тимот од страна на Александра во куќата на судиите.

Боби својата втора шанса за успех ја искористи мудро и предизвика овации кај публиката. Но, не само гледачите беа воодушевени од неговата изведба на хитот „Остани“ кој е инаку оригинално отпеан од Горан Каран. Жирито просто остана без зборови. Жељко стана аплаудирајќи на крајот на настапот и дури и му рече „Јас би сакал да пеам како тебе“.

Со тоа Боби си обезбеди место во следната емисија и веројатно доби уште нови обожаватели.

Слични содржини