Погледнете каде ќе го помине Пипа Мидлтон медениот месец

од Vladimir Zorba

Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз го избраа за свадбеното патување островот Тетиароа во Француска Полинезија, пишува англискиот печат, соопштува МИА. Двајцата ќе бидат таму уште денес.

Откако ќе бидат пречекани со Серенада од Полинезијци со шарени венци, тие ќе се затскриени во самостојна вила за една недела.

Островот Тетиароа припаѓаше на Марлон Брандо, кој го купува во 1966 година за 15 000 фунти. По неговата смрт во 2004 година е претворен во луксузниот екокурорт “Брандо”. Цените на ноќевањата таму почнуваат од 3000 фунти.

Зимскиот дел се состои од 35 затскриени вили со надворешна бања, базен,  столици на нишање. Бањите се со морска вода, а струјата од соларни панели.

Во одморалиштето веќе неколку недели е и поранешниот американски претседател Барак Обама, за да пишува мемоари.

Младенците славеа до утринските часови во неделниот ден со гостите во зградата на семејството Мидлтон. Како што се очекуваше, на приемот принцот Хари ја доведе девојката- актерката Меган Маркел.

Слични содржини