Српскиот премиер Александар Вучиќ , во целиот метеж сепак како од чудо не беше сериозно повреден, откако на крајот на комеморацијата во Сребреница незадоволниците  се обидоа да го линчуваат.

20150711.sawtyoedng

Боди гардовете на премиерот беа принудени да распнат чадор и дури да го чуваат со своите тела од  камењата чевките и шишиња кои летаа кон делегацијата. Иако ескалацијата беше под силни тензии сепак обезбедувањето на премиерот успеа да го извлече од толпата и на тој начин  да го спаси Александар Вучиќ од сигурен линч.

hqdefault.jpg36

По инцидентот, српскиот премиер најави: ” Од доста долго време не сум се чувствувал така како денес. Првин  почнаа да скандираат против мене и да ме навредуваат, тоа беа фудбалски хулигани од еден српски тим “. Сепак им подавам ракаа. Жал ми е за роднините на загинатите, кои денес беа дополнително понижени, поради некакви поединци, рече уште Вучиќ по вонредната седница на владата во Белград. Тој прецизира дека освен “скршените очила и помалку болки во раката” нема други повреди. “Што сакате да направите да дојдам тука со преврзана  глава”, ги праша новинарите тој.

Како што локално веќе објави српскиот премиер присуствуваше  на комеморацијата во Сребреница , каде пред точно 20 години армијата на босанските Срби предводена од генерал Ратко Младиќ уби над 9.000 луѓе. Во меѓувреме , министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ го опиша инцидентот со премиерот Александар Вучиќ. како “напад врз  Србија” .

Слични содржини