Главниот обвинител ја истражува фондацијата на Трамп

од Vladimir Zorba

20150108-gbekkkhqgd

Њујоршкиот главен обвинител Ерик Шнајдерман започна истрага против раководството на Фондацијата “Доналд Трамп” – организацијата на републиканскиот кандидат за претседателската функција. Ова го соопшти извор, запознаен со предметот, цитиран од весникот The Guardian.

Во интервју за CNN Шнајдерман наводно претходно вчера, рече дека се “истражува фондацијата на Трамп, за да се убеди дали таа одговара на законодавството за добротворни организации во Њујорк”.

Според изворот Шнајдерман ја “започнал истрага на фондацијата на Трамп врз основа на пристигнати трансакции, кои неодман излегле на светлина”.

Во интервју обвинителот изјави дека тој како регулатор на непрофитните организации е загрижен дека фондацијата на републиканскиот кандидат може да е поврзана со “несоодветна” дејност.

Пораките доаѓаат недела откако приходите агенција на САД ја казни фондацијата со 2500 долари поради направено незаконска донација кон главниот обвинител на Флорида Пем Бонд, долгогодишен приврзаник на Трамп, која исто така одлучи да не спроведува истрага против Универзитетот “Трамп” во 2013 година , неколку дена по направената донација.

Ова не е прв пат, во кој фондацијата на Трамп е поврзана со нерегуларности. Претходно “Вашингтон пост” откри неколку случаи на неправилности во фондацијата, при што биле декларирани донации, како и фактот дека предмети купени од фондацијата, се користат лично од Трамп.

Во исто време, кандидатот на Републиканската партија излегува со став дека не правел донации на својата фондација од 2008 година, кога ја дал единствената сума пари во износ од 10.000 долари. Втората и последно донација е од 2016 година, кога собирал пари за ветерани.

Слични содржини