Поголема меѓународна соработка за побезбеден сообраќај на патиштата во Југоисточна Европа.

од Vladimir Zorba

 

 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, е водечко тело во Република Македонија, од областа на сообраќајот на патиштата, кое работи и се грижи за остварување, унапредување и развивање  на соработка и координација во превентивната работа на државните органи, институциите, правните лица и другите субјекти по прашањата на самозаштита во областа на сообраќајот на патиштата и иницира соработка и имплементација на активности и мерки за подобрување на безбедноста во патниот сообраќај. Согласно тоа, а во насока на остварување на целите предвидени со Декадата за безбедност на патниот сообраќај и размена на најдобри практики и искуства, РСБСП ја организира 1та Меѓународна Конференција со наслов : „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоистична Европа-предизвици и насоки за  дејствување “.soobrakjakni-znaci-10

 

Покровител на конференцијата е Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓи Иванов, и на истата се очекува да присуствуваат првите луѓе на националните тела за подигнување на безбедноста во сообраќајот на патиштата од регионот. Истовремено, учесници ќе бидат универзитетски професори од земјите во регионот, преставници на водечките тела за безбедност во сообраќајот на патиштата, преставници од МВР, сообраќајни инженери и уште голем број на учесници кои ќе говорат за предизвиците во сообраќајот.

Конференцијата ќе се одржи во периодот од 29.09.2016 година  до 01.10.2016 година во хотелот Александар Палас во Скопје.

Сите кои сакаат да бидат дел од конференцијата, активно да учествуваат во истата и да се здобијат со дополнително знаење, искуство и квалитет во својата работа, потребно е да го пријават своето учество  согласно условите и процедурите утврдени од организаторот.

За подетални информации и за превземање на образецот за регистрација, посете го веб сајтот на www.rsbsp.org.mk и најдоцна до 28.08.16 испратете ги обрасците за регистрација на е-маил адресата [email protected] или на Факс:+ 389 2 2700 047

 

Слични содржини