Погрешно одговори на квиз, а одговорот му го пишуваше на маицата

од desk2

Учесник на шпанскиот квиз „Ahora Caigo“ веројатно додека одговараше на прашањата не мислеше дека одговорот на прашањето можеше да го најде на својата маица.

Прашањето на кое требаше да одговори беше: „Што е Стив Роџерс во филмот „Одмаздници“? Доктор, господин или капетан.

Алберто одговори дека Роџерс во филмот бил доктор во моментот кога водителот сфаќа дека на маицата на натпреварувачот пишува „Капетан Америка“.

„Ги носиме тие маици, а не ни знаеме што носиме“, прокоментира водителот.

Големо внимание натпреварувачот привлече не само со погрешниот одговор, туку и што реши девојката да ја запроси на квизот, додека таа го гледаше од дома.

https://www.youtube.com/watch?v=KlxJQEKhsNk

Слични содржини