Четворица полицајци вчера биле пред Филозофоски/Филолошки факултет, каде студентите веќе седми ден окупираат, откако со Владата и со Министерството за образование не најдоа заеднички јазик, информираа од Студентски пленум. Полицајците се појавиле околу 11 часот пред факултетот и таму се задржале скоро саат ипол.

Полиција ги посетила вчера студентите на окупираниот Универзитетски кампус

Студентите вчера добиле поддршка од своите колеги од Земјоделскиот факултет, кои со транспаренти на кои пишувало „Не“ за државен испит влегле во аулата на Филозофскиот факултет и таму останале неколку саати. Меѓу дел од студентите и полицајците настанала мала кавга, откако идните академски граѓани им објасниле дека тие немаат право да влегуваат на факултетите, бидејќи на тој начин го кршат законот.

– Дојдоа наши колеги од Земјоделскиот факултет, кои сакаа да ни дадат поддршка. Полицајците рекоа дека доаѓаат со нив и стоеја скоро саат ипол надвор пред факултетот. ама тоа не смеат да го прават. Тие можат да се појават кај нас, само ако сметаат дека внатре се прави некое кривично дело. Под други услови не смеат. Ние ги прашавме што бараат тука и им кажавме дека немаат право да доаѓаат, а тие ние рекоа „вие вршете си ја вашата работа, ние ќе си ја вршиме нашата работа“ – тврдат од Студентскиот пленум за „Фокус.

Студентите веќе седми ден го окупираат Универзитетскиот камп

Слични содржини