Migranti
На 24.04.2015 година во 22,00 часот, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН-Богородица, на клучката во с.Смоквица било забележано лице како товари мигранти во ПМВ “BMW“ скопски регистерски ознаки и се упатил кон с.Удово. При даден знак од полициските службеници возилото да застане, истото со зголемена брзина се упатило кон Демир Капија. Поради оштетување на гума, возилото застанало во близина на с.Градец, по што сите лица се дале во бегство. По извршеното пребарување на теренот биле пронајдени 8 лица илегални мигранти од Сирија, кои во 01,00 часот се приведени во ПС за ГП и ГН-Богородица. Со лицата разговор извршен е разговор по што истите изјавиле дека им се изгубило 7 годишно девојче, заедно со нејзиниот татко кои биле со нив, по што од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица е пристапено кон пребарување на поширокиот терен за пронаоѓање на девојчето и нејзиниот татко. Полициските службеници цела вечер го пребарувале теренот, а потрагата продолжила и во текот на денешниот дена каде што околу 10,30 часот истите се пронајдени. Во текот на денот сите пронајдени мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот Центар за странци во Скопје.

Слични содржини